Јувентус веќе ја започна потрагата по наследник на Дибала, на кого договорот му истекува на крајот на сезоната.
Двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, па сега е потврдено дека Аргентинецот ќе замине на крајот на сезоната како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прво име на списокот на „бјанконерите“ за негова замена е ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец Џакомо Распадори.
Распадори важи за еден од најголемите италијански таленти и игра уште една одлична сезона, па Јувентус сака што е можно побрзо да ја победи конкуренцијата.
„Старата дама“ има одлични односи со Сасуоло и се очекува наскоро да започне преговори, а трансферот би требало да чини помеѓу 30 и 40 милиони евра.