Јувентус веќе ја започна потрагата по наследник на Дибала, на кого договорот му истекува на крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аргентинецот ќе замине на крајот на сезоната како слободен агент. Прво име на списокот на „бјанконерите“ за негова замена е ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец Џакомо Распадори.
Распадори важи за еден од најголемите италијански таленти и игра уште една одлична сезона, па Јувентус сака што е можно побрзо да ја победи конкуренцијата.
„Старата дама“ има одлични односи со Сасуоло и се очекува наскоро да започне преговори, а трансферот би требало да чини помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Алегри верува дека Распадори ќе биде идеален партнер на Влаховиќ во нападот и дал зелено светло за трансферот.
📰 Today's edition of @Gazzetta_it…
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 7, 2022
🗣 "New #ACMilan: €100m. Big investment for Scamacca, Origi, Botman and Sanches."
🤔 How would you spend the transfer budget? pic.twitter.com/HRfxJcaJxZ