Дома Трансфер зона Јувентус најде замена за Алекс Сандро

Јувентус најде замена за Алекс Сандро

Јувентус во летниот преоден рок сака да донесе замена за Алекс Сандро и да ја засили левата бековска позиција.

Прво име на листата желби на Алегри е италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмери. 27-годишниот лев бек одигра одлична сезона во Лион каде беше на позајмица од Челзи.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Сините“ за слободата на Палмери бараат 20 милиони евра, а „бјанконерите“ наскоро ќе испратат понуда од 15 милиони евра плус бонуси.

На листата се уште и Регулион од Тотенхем, кој е на излезна врата и „спарси“ се спремни да го пуштат на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…