Aргентинскиот напаѓач Паоло Дибала на крајот на оваа сезона би можел да го напушти Јувентус, шпекулираат медиумите во Италија.
Дибала оваа сезона во Јувентус нема минутажа каква што очекуваше, а медиумите пишуваат и дека не е во најдобар однос со тренерот Масимилијано Алегри. За можно заминување на Дибала се шпекулира веќе подолго време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации Аргентинецот покажал незадоволство што не игра оваа сезона често како што очекуваше и наводно е спремен да замине во клуб кој ќе му ја понуди минутажата која ја посакува.
Иако од Јувентус во изминатите месеци истакнуваа дека Дибала не е на продажба изгледа дека во таборот на „старата дама“ го промениле мислењето, поради нивната мета од Португалија.
На „Чизмата“ се пишува дека Дибала ќе добие дозвола да замине ако некој клуб за него плати 100 милиони евра. Таа сума Јувентус би ја вложил во тинејџерската ѕвезда Жоа Феликс кој прави чуда во дресот на Бенфика.
За реализација на овој трансфер многу би можел да помогне Кристиано Роналдо кој веројатно може да го убеди младиот фудбалер да се пресели во Торино.
Дека се работи за голем потенцијал покажува и фактот што младиот фудбалер постигна 15 голови на 36 натпревари за Бенфика во досегашниот дел од сезоната, а има само 19 години.
https://www.youtube.com/watch?v=yqNSDBiuiwo