Во среда на програмата е финалето на Купот на Италија каде играат Јувентус – Милан. Двете екипи најавуваат победа, но има само еден трофеј, а поблиску до него е Јувентус кој сака двојна круна по титулата во Серија А.
Јуве сака 4-ти трофеј по ред, Милан сака одмазда за 2016 година
Во овој меч ќе играат едни од најуспешните тимови во Копа Италија. Јувентус сепак е многу поуспешен со 12 титули во Купот и тој е рекордер во ова натпреварување. Милан пак досега има освоено 5 трофеи во Купот, а последен пат се радуваше цо 2003 година. Јуве е воедно и бранител на трофејот или подобро кажано го освојува купот три пати по ред: 2015, 2016 и 2017 година. Сега повторно има шанса за двојна круна и реално според квалитетот би требало да дојде до таа цел. Ова воедно е и реприза на финалето од 2016 година кога Јувентус славеше со 1:0 со голот на Мората по продолженија. Затоа сега од Милан најавуваат одмазда за тој болен пораз. Сепак, шансите на фудбалерите на Милан кој на последните 11 средби против Јуве имаат само две победи се многу помали, за разлика од својот ривал.
Титулата во Серија А е освоена, но двојната круна е на дофат
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус, сепак ја обезбеди титулата во Серија А овој викенд, па во големо расположение одат во финалето на Купот на Италија во среда вечерта. Старата дама не наведе да веруваме дека ќе им ја препуштат титулата во Серија А на фудбалерите на Наполи. Но на крајот повторно станаа шампиони. Особено интересно беше изминатиот викенд, кога по првото полувреме губеа дома од Болоња со 0:1. Сепак на крајот славеа со 3:1 за нова титула. Во исто време Наполи одигра само 2:2 против Торино што беше доволна за освојување на скудетото. Со убедливо водство во однос на гол разликата, Јуве го освои седмото по ред Скудето. Шампионите имаат за цел да ја освојат двојната круна четврта сезона по ред, под водство на Макс Алегри. Тој го предводеше клубот до сите овие успеси откако презеде водство во 2014 година. Откако нивната кампања во Лигата на шампионите заврши, јасно беше дека целосно ќе се насочат кон домашна доминација.
Гатузо сака прва титула, првата сезона како тренер на Милан
Џенаро Гатусо сака да ја освои својата прва титула како тренер на Милан и тоа првата сезона откако ја води екипата. За него одисејата во оваа екипа не тргна добро, но по неколкуте порази Милан имаше неверојатна победничка серија. Од дното на табелата, Гатузо успеа да го искачи Милан на местата кои водат во Европа. Првиот пораз за Милан во 2018 година се случу дури на 31-ви Март и тоа токму во дуелот против Јувентус во Торино. Од тогаш падот на формата на Милан беше евидентен и следуваа уште 5 меча без победа, забележувајќи 4 ремија и еден пораз. По таа серија на последните два меча Милан забележа две победи и тоа против Болоња и Верона. Во моментов проблем за Милан е и трката со Аталанта за излез во Лигата на Европа следната година. Сепак Купот е огромна шанза за пласман во тоа натпреварување, па Милан секако ќе се обиде да ја искористи.
Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk