Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и ПСЖ спремаат трампа на своите ѕвезди.
Дибала на лето влегува во последната година од договорот, па Јувентус донесе одлука да го продаде и за неговата слобода бара 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета во нападот на „старата дама“ ќе биде Мауро Икарди, кој е спремен да го напушти ПСЖ на лето и да се врати во Серија А.
Со оглед на фактот дека „светците“ се заинтересирани за Дибала, Јувентус е спремен да му понуди трампа на ПСЖ.
Цената на двајцата фудбалери е приближна, па се очекува двата клува лесно да најдат заеднички јазик.