Талентот на Славија Прага, Абдала Сима го привлече вниманието на европските гиганти.
19-годишниот напаѓач игра фантастична сезона со чешкиот клуб и постигна 15 гола на 22 меча во сите натпреварувања.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Неговите добри партии не останаа незабележани од европските гиганти, а најсилен интерес за Сима покажуваат Јувентус и Пари Сент Жермен.
Двата клуба веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Сенегалецот на лето во своите редови.
Сима пристигна во Славија Прага во 2020 година и дебитираше во септември, па успеа веднаш да се наметне во првиот тим и да го покаже својот талент.