Дома Фудбал Италија Јувентус и Интер потпишаа важен договор кој ќе им се допадне на навивачите

Јувентус и Интер потпишаа важен договор кој ќе им се допадне на навивачите

Jувентус и Интер постигнаа важен договор кој ќе наиде на оправдување и од двата навивачки табори.

Имено, лутите ривали се договорија цената за гостинските навивачите за двата овосезонски натпревари да биде во ист износ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првиот натпревар оваа сезона ќе го одиграат на 7-ми декември во Торино. Цените влезниците за овој натпревар за домаќините се движат од 75 до 250 евра, додека за гостите според новиот договор таа ќе изнесува 50 евра.

Истиот износ ќе го платат и навивачите на Јувентус кога „старата дама“ кон крајот на април ќе гостува на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Причина за ваквиот договор е превисоката цена која ја одреди Милан за навивачите на Јувентус кога гостите мораа да платат по 75 евра, поради што многу навивачки групи на „бјанконерите“ ја бојкотираа оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челниците на Челси донесоа одлука за судбината на Росениор!

Иако неодамна седна на клупата на Челси, многу навивачи на овој тим веќе сакаат да го вида…