Италијанскиот гигант Јувентус е спремен ова лето да го продаде босанскиот плејмејкер Мирален Пјаниќ, а италијанските медиуми пренесуваат дека може да се пресели во Барселона.
Каталонското радио (РАЦ1) тврди дека Барселона и Јувентус започнале преговори за размена на играчи, а „бјанконерите“ во замена за Пјаниќ го бараат бразилскиот плејмејкер Артур.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клупските челници на „старата дама“ не кријат дека се незадоволни од формата на искусниот играч за врска и затоа сакаат да го продадат за време на летниот преоден рок.
Сари е голем симпатизер на играта на Артур и верува дека идеално ќе се вклопи во неговата формација.