Дома Фудбал Италија Јувентус за првпат после 11 години ќе заврши сезона без трофеј

Јувентус за првпат после 11 години ќе заврши сезона без трофеј

Јувентус вчера доживеа пораз во финалето од Купот на Италија против Интер, а со тоа згасна и последната надеж на „старата дама“ дека можат да стигнат до некаков пехар оваа сезона.

Интер го победи Јувентус после продолженија со 2:4 откако во регуларниот дел беше 2:2. Претходно настапот во Лигата на шампионите Јувентус го заврши уште во осминафиналето каде што доживеа елиминација од Виљареал, а во италијанскииот Суперкупо беше поразен исто така од Интер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Во Серија А во текот на целата сезона тимот од Торино не успеа сериозно да се вмеша во битката за титулата, на крајот со оглед на стартот на сезоната навивачите се задоволни и со местото во топ 4. За Јувентус така ова ќе биде прва сезона без трофеј после 11 сезони. Последен пат „старата дама“ сезона без трофеј заврши во 2010/2011.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Грилиш повеќе нема да тренира со првиот тим на Манчестер Сити

Џек Грилиш се согласи да тренира одделно од своите соиграчи во Манчестер Сити и на тој нач…