Дома Трансфер зона Јувентус започна преговори за „новиот Пирло“

Јувентус започна преговори за „новиот Пирло“

19-годишниот Сандро Тонали е новиот „бисер“ на италијанскиот фудбал и за неговиот потпис буквално се „тепаат“ најголемите клубови на Апенините.

Станува збор за играч за врска со исклучителна техника и визија, кој веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Моментално игра за Бреша, но ги привлече вниманието на најголемите италијански клубови кои веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Рома, Интер, Милан, Јувентус и Фиорентина се силно заинтересирани да потписот на Тонали, а италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ веќе ги започнала преговорите за негов трансфер.

Имено, „бјанконерите“ се спремни да го откупат неговиот договор уште во јануари да го остават на позајмица во Бреша.

Моменталната вредност на Тонали изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…