Дома Трансфер зона Јувентус заинтересиран за фудбалер на Интер

Јувентус заинтересиран за фудбалер на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека ЈУвентус во јануарскиот преоден рок би можел да се засили со фудбалер на Интер.

Имено, играчот од средниот ред на „нероаѕурите“ Матијас Весино не добива голема минутажа кај тренерот Симоне Инзаги па би можел да го напушти клубот. Договорот на Весино со Интер истекува на крајот на оваа сезона, а Јувентус ќе се обиде да го ангажира уште во јануари.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


На Јувентус му се потребни засилувања токму средниот ред. Според „Ла Репбулика“, Интер нема лесно да се откаже од својот играч посебно не за да го засили Јувентус.

Весино сезонава има само еден старт во Интер, додека во сите конкуренции собра вкупно 15 натпревари и 388 минути поминати на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн подготвува спектакуларна замена за Ноер?

Maнуел Ноер има договор со Баерн Минхен до крајот на оваа сезона, се најавува дека ќе потп…