Дома Фудбал Италија Јувентус доби ултиматум, може да биде исфрлен од Серија А

Јувентус доби ултиматум, може да биде исфрлен од Серија А

Претседателот на Серија А Габриеле Гравина денес отворено му се закани на Јувентус дека може да биде исфрлен од Серија А.

Јувентус заедно со Барселона и Реал Мадрид се единствените три клуба кои се уште останаа во Суперлигата, па покрај санкции од УЕФА, „старата дама“ може да биде исфрлена и од Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот Гравина му се закани на Јувентус дека може да добие исклучување од Серија А доколку не истапи официјално од Суперлигата.

„Кога клубовите прифаќаат да бидат дел од италијанската лига, ги прифаќаат принципите на УЕФА и ФИФА. Работата е јасна и очигледна. Ако Јувентус не се придржува до овие принципи, ќе биде суспендиран и исклучен од домашното првенство“.

„ Жалам за тоа, видов некои загрижени фанови ова утро, но сите мора да ги почитуваат правилата. Ако Јувентус не се откаже, ќе биде надвор од Серија А“, изјави Гравина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе влезе во жесток разговор со четвртиот судија на мечот против Валенсија

Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на натпреваро…