Манчестер Сити и Јувентус имаат одлична соработка, а медиумите на Островот пренесуваат дека двата клува ова лето можат да направат нова голема трампа.
„Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус му предложил на „граѓаните“ нова трампа, откако минатото лето ги разменија Кансело и Данило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ бара засилување во нападот, а првата желба е Габриел Жесус за кого Италијанците сметаат дека ќе биде идеален партнер на Роналдо во нападот.
Јувентус за потписот на Бразилецот наводно го понудил Даглас Коста плус пари, па сега се чека одговор од „граѓаните“.
Даглас Коста е ценет од Гвардиола уште од времето кога заедно соработуваа во Баерн, па во него гледа идеална замена за Давид Силва.
„Скај Спорт“ тврди дека трансферот е можен, но ќе зависи од тоа колку пари ќе понуди Јувентус како доплата за потписот на Габриел Жесус.