Јувентус денес и официјално го претстави најголемото засилување за новата сезона, Дејан Кулушевски.
Играчот со македонско потекло не ја криеше среќата што ќе игра заедно со Кристиано Роналдо и се надева дека ќе има успешна дебитанска сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кристиано е фантастичен. Тој е многу добар и зборува со сите фудбалери, дури и за работи надвор од фудбалот. Неговите зборови се како „бензин“ за мене, среќен сум да играм со таков фудбалер и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Кулушевски.
„Секој ден на тренинзите давам 100% од себе си, мора да бидам спремен во секој момент. Мислам дека можам да допринесам за овој тим. Сакам да се забавувам на теренот, а тоа го бара и тренерот од мене. Пирло е фантастичен и многу ми помага со совети за да ја подобрам мојата игра“, додаде Кулушевски.
"I'm the happiest guy in the world!" ??
— JuventusFC (@juventusfcen) September 18, 2020
Dejan Kulusevski is every Juve fan at his official presentation ⚪️⚫️
? https://t.co/xqk1GJIq6l#WelcomeDejan #ForzaJuve pic.twitter.com/721Mjp9vAx