Дома Фудбал Јувентус го отпиша Бонучи, а тој прави изненадувачки трансфер на 36 години?

Јувентус го отпиша Бонучи, а тој прави изненадувачки трансфер на 36 години?

УНИОН БЕРЛИН го сака Леонардо Бонучи (36), објави експертот за трансфери, Николо Скира.

Искусниот италијански стопер не е во плановите на тренерот на Јувентус, Макс Алегри, а клубот од Торино му дозволи да си замине.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Унион, кој се пласираше во Лигата на шампионите по фантастичната сезона, на Бонучи му нуди едногодишен договор.

Германците чекаат одговор до понеделник, а Бонучи наводно размислува за понудата.

Бонучи дојде во Јувентус во летото 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Брзо стана еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа, а во сезоната 2017/2018. играше за Милан кој плати 42 милиони евра.

Следната сезона за 35 милиони евра се врати во торинскиот клуб со кој во кариерата освои осум титули во италијанскиот шампионат.

Неговиот договор со Јувентус истекува следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија: Погледнете со каков автогол Косово го потврди пласманот во историскиот бараж (Видео)

Словенија го дочека Косово два кола пред крајот на квалификациите за Светското првенство. …