Договорот бил постигнат, од Баерн како замена за повредениот Киелни требало да пристигне Жером Боатенг.
Поранешниот германски репрезентативец има доста искуство, но Сари го стопирал. Тој не знае што ќе прави со сегашните играчи, од кои барем тројца се прекубројни, а не му треба пети стопер, ги има Де Лихт, Бонучи, Ругани и Демирал. Постои можност да си оди Ругани, но тренерот на Јувентус повеќе би сакал во клубот да се врати Бенатија кој си замина поради конфликт со Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се споменуваа уште неколку опции, Умтити од Барселона, но изгледа дека на Јувентус не му е потребен стопер, туку да ги продаде Манџукиќ и Џан во последниот дел и така да го намали бројот на играчи кои ги има во ростерот.