Јувентус потврди дека Мерих Демирал ќе го пропушти следните шест до седум месеци после успешната операција на лигаментите на коленото.
Демирал тешко се повреди во дербито со Рома, а после операцијата Јувентус потврди дека Турчинот ќе паузира помеѓу шест и седум месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот репрезентативец постигна гол за 1:0 во победата на „старата дама“, но подоцна се здоби со повреда, на тој натпревар се повреди и Николо Заниоло.
Демирал во последно го исфрли Матијас Де Лихт од стартниот тим, но сега ќе мора да се соочи со подолга пауза.
Покрај тоа што ја заврши сезоната во Јувентус, Турција би можела да остане без важен играч на Европското првенство кое се игра ова лето.