Како што пренесуваат италијанските медиуми, големата желба на управата на Јувентус би можела да заврши во Лондон, Париз или Барселона.
Јувентус веќе една година атакува кон играчот за врска на Севиља, Стивен Н’Зонзи. Францускиот интернационалец нуди добри партии во дресот на Севиља веќе две сезони, па го привлече вниманието на неколку гиганти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус досега беше најубедлив, како што беше познато и се договориле со него за преселба, но Севиља ги затегнува конците околу обештетата.
Н’Зонзи има откупна клаузула во својот договор од 40 милиони евра и управата на клубот не сака да чуе за помалку. „Старата дама“ се обиде да ги омекне за 30 милиони плус дополнителни бонуси, но тоа не е доволно за еден од најдобрите шпански клубови.
Екипата од Торина судејќи по пишувањата на „Ла Газете дело Спорт“ имаат и дополнителни проблеми во обидот да го ангажираат, поради интересот на ПСЖ, Тотенхем и Барселона.
Како што се наведува, сите три екипи се подготвени да платат 40 милиони евра за овој играч и такана Јувентус му ги врзуваат рацете. Со оглед на ваквата ситуација, се чини за Јувентус сепак ќе биде приоритет доведувањето на играчот за врска на ПСЖ, Матуиди.