Дома Фудбал Италија Јувентус бара нов спортски директор

Јувентус бара нов спортски директор

Јувентус е во потрага по нов спортски директор, пренесуваат италијанските медиуми.

Клубот веќе направил контакт со Џанлука Петраки и започнал преговори со него. 53-годишниот директор е без ангажман од 2020 година кога ја напушти Рома.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Петраки претходно помина девет години во Торино каде ја доживеа својата афирмација, но не се прослави во Рим.

„Бјанконерите“ бараат начин да го стабилизираат тимот, кој ја започна многу лошо сезоната.

Алегри сигурно нема да добие отказ засега, а главната причина за тоа е високата отштета која клубот треба да му ја плати.

Токму Петраки треба да биде човекот кој ќе му помага на Алегри во изборот на нови фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесно: Полски клуб ја исмејува соблекувалната каде што гостуваше и Шкендија – погледнете како изгледа (Видео)

Полскиот клуб Лех Познањ се потсмеа со условите во соблекувалната на Рајо Ваљекано пред ни…