Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, напредуваше на најновата АТП ранг листа за две позиции.
Изминатата недела, Јотовски падна четири позиции надолу на листата, но оваа недела доживеа прогрес од две места, иако за потсетување тој не настапи на ниту еден турнир кој се бодува.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
На најновата АТП листа, Томислав Јотовски се наоѓа на 582. место, додека во двојки е рангиран на 1023. место.
По завршниот мастерс во Лондон, нема промени на врвот на АТП листата. Таму и натаму лидер е Рафаел Надал, пред Роџер Федерер и Александар Зверев.