Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).
Селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Освен тоа, на 24. јули (понеделник), од 18.часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, е предвиден почетокот на подготвителниот период.
Претставниците на медиумите ќе бидат дополнително информирани за сите планирани активности на сениорскиот тим во првата фаза од подготовките која ќе биде реализирана во Скопје.
НАПОМЕНА: На барање на стручниот штаб, воведните тренинзи на нашиот сениорски национален тим во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат од затворен карактер.
ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(за олимписки претквалификациски турнир-Талин-Гљивице 2023)
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Ти-Џеј Шортс
Андреј Јакимовски
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Андреј Маслинко
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор Ефремоски
Љубомир Младеновски
Андреј Андоноски
Теодор Симиќ
Андреј Шошкиќ
Резарт Мемед
Марин Петков
Андреј Митревски