Борусија Дортмунд го сака напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, пренесуваат германските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Борусија сака да ја искористи таквата ситуација.
Јовиќ би сакал да се врати во Бундеслигата бидејќи таму ја доживеа својата фудбалска афирмација.
„Милионерите“ се свесни дека на крајот на сезоната ќе останат без Халанд, па во Србинот гледаат идеална замена за Норвежанецот.
Јовиќ има големо искуство во Бундеслигата, па во Дортмунд веруваат во неговите голгетерски квалитети.