Младиот напаѓач на Ајнтрахт Лука Јовиќ и понатаму е во центарот на вниманието после петте гола кои ги постигна против Фиртуна.
Јовиќ стана најмладиот фудбалер кој постигна пет гола на еден натпревар бидејќи во моментов има само 20 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличните партии на српскиот репрезентативец не поминаа неприметено од големите европски клубови, па германските медиуми тврдат дека во јанури би можел да направи трансфер на кариерата.
Имено, за Јовиќ силен интерес покажуваат англиските гиганти Тотенхем и Челзи кои се спремни да испратат понуда во зимскиот преоден рок.
Јовиќ оваа сезона одигра шест меча во Бундеслигата на кои постигна седум гола и запша две асистенции, а неговата цена во моментов изнесува околу 25 милиони евра, сума која нема да преставува проблем за споменатите клубови.