Српскиот напаѓач Лука Јовиќ проговори за времето поминато во Мадрид и за потешкотиите кои ги имаше во Реал.
Јовиќ пристигна во Мадрид како големо засилување за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и за 18 месеци постигна само два гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој месец се врати во Ајнтрахт на позајмица и веднаш почна да постигнува голови.
„Имав многу несреќа во Реал Мадрид, неколку повреди, приватни проблеми за кои дел бев јас виновен и дел за кои воопшто не бев виновен. Сакав да се вратам тука да играм и да бидам среќен“, истакна Јовиќ, а потоа проговори за односот со Зидан.
„Не сакам сега да навлегувам во детали. За Зидан веќе реков дека тој е многу искрен и феноменален човек. Имам подобра комуникација со Ади затоа што двајцата зборуваме англиски. Во Шпанија не можев да ја направам таа комуникација со Зидан. Тој не зборува англиски, јас не зборувам шпански“, искрен беше Јовиќ.