Дома Трансфер зона Јовиќ во Реал ги брои последните денови

Јовиќ во Реал ги брои последните денови

Лука Јовиќ уште во текот на летото би можел да го напушти Сантијаго Бернабеу.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ретко добива шанса, а шпански Дон Балон пишува дека е ‘пречкртан’ во плановите на Зинедин Зидан.

Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига.

Дон Балон наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијански Наполи.

Нормално, проблем ќе претставува откупната сума, а наводно од Наполи се спремни на договор за позајмица со можност за откуп на договорот.

Претходно Јовиќ се поврзуваше со Интер, Милан, Арсенал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карл постави рекорд и влезе во историјата на Лигата на шампионите

Фудбалерот на Баерн, Ленарт Карл, стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампио…