Фудбалерот на Монако, Стеван Јоветиќ би можел на лето да го промени клубот.
Во дел од турските медиуми, Јоветиќ се поврзува со Трабзонспор. Договорот на Јоветиќ со Монако истекува и наводно нема намера да потпише нов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јоветиќ би можел да отвори нова страница во кариерата, а Турција наводно за него изгледа како добра опција.
Трабзонспор во овој момент е четврти на табелата во Суперлигата, додека минатата сезона овој клуб го освои купот.
Неодамна се појави информација дека Јоветиќ може да се врати во Фиорентина, но сега изгледа Трабзонспор е фаворитот.