Дома Фудбал Репрезентации Јоаким Лев го прокоментира стартот на Павков врз Сане

Јоаким Лев го прокоментира стартот на Павков врз Сане

Во пријателски натпревар синоќа силите ги одмерија Германија и Србија (1:1).

Србија дојде до водство со погодокот на Лука Јовиќ, а ремито за Германија го донесе Горецка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој натпревар можеше да биде кобен за Сане, на кој брутално стартуваше Милан Павков и заработи директен црвен картон.

На почеток изгледаше страшно и сериозно, но на крајот Сане не заработи тешка повреда.

Селекторот на Германија, Јоаким Лев ја прокоментира ситуацијата.

„Стартот беше грд. Следниот пат истиот може да доведе до кршење на ногата.“ – рече Лев.

Сане на кратко изјави дека со неговиот зглоб е се во ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…