Дома Фудбал Ја одбил Барселона поради љубов кон Еспањол

Ја одбил Барселона поради љубов кон Еспањол

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.

Дардер откри дека во летниот преоден рок добил понуда од Барселона, но не сакал да изврши предавство кон Еспањол.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Многу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.

Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол и реши кариерата да ја продолжи во Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…