Српскиот фудбалер Милош Нинковиќ ги откри патот кој морал да го помине за да стигне да го носи дресот на Црвена Звезда.
Тој кариерата ја започнал во Чукарички, а потоа помина девет сезони во Динамо Киев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа следуваше трансфер во клубот кој го обожавал од детството, Црвена Звезда. Сепак, тој потег не бил толку лесен како што очекувал Милош.
„Сопругата ми кажа: Ако потпишеш за Звезда ќе се разведам од тебе. Имав и други понуди, но не и кажав. И кажав дека немам други понуди и дека сон ми е да заиграм за Црвена Звезда“, открива Нинковиќ за австралискиот „Sunday Morning Herald“.
Сонот на Ниниковиќ за титула со Звезда станал реалност десет месеци подоцна кога ја прекинаа доминацијата на Партизан.
„Кога бев дете сонував да играм за Звезда, а не за Реал Мадрид или Барселона. Дојдов во клубот и ја освоивме титулата после седум години пост. Тоа беше нешто неверојатно“, зборуваше Нинковиќ.
Ниниковиќ во 2015 година направи трансфер во Австралија и потпиша за Сиднеј каде што игра и денес.
Тој дербито во Австралија помеѓу Сиднеј и Мелбурн Викторија го спореди со вечното дерби во Србија помеѓу Партизан и Звезда.
„Во таквите натпревари чуствуватеп ритисок пет или седум дена пред натпреварот. Тоа го почуствував додека играв за Звезда против Партизан. Пред секој голем натпревар чуствувате притисок. Го почустувуав тоа против Партизан и сега против Мелбурн“, изјави српскиот фудбалер.