Романската тенисерка Александра Катанца зборуваше за нејзиниот прв Грен Слем и сеќавањето на истиот.
Александра има 30 години и нејзиниот најдобар пласман е 59. место на ВТА листата во јануари 2014. Оваа сезона е на 292. место.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Романката зборуваше за највпечатливиот момент од нејзиниот прв Грен Слем, а тој е поврзан со Серена Вилијамс.
„Првото сеќавање на мојот прв Грен Слем ми е кога влегов во соблекувалната и ја видов Серена која беше гола. Бев зачудена од тоа колку беше голема. И покрај тоа одлично се движи на теренот“, изјави Катанца.
Оваа тенисерка доби само еден меч на Грен Слем и тоа беше на Вимблдон во 2013 година. На останатите турнири не успеа да стигне подалеку од второто коло.