Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за натпреварите со Ерменија, Исланд и Романија.
Денес беше одработен вториот тренинг, прв во полн состав. Изјава за медиумите даде повратникот во репрезентацијата, Адис Јаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам да се враќам назад. Повикот ме радува и среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Мило ми е што сум со една квалитетна и добра репрезентација. Се надевам дека ќе се адаптираме. Сите ги познавам. Се е до нас. Само треба да покажеме квалитет на терен Мора да одиме од меч во меч, сега се подготвуваме за Ерменија. Направивме добра анализа. Тој меч треба најпрво да го одиграме како што треба. Потоа ќе размислуваме за следниот меч со Исланд. Овие три меча се многу наближени, во седум-осум дена. Ќе биде многу интензивно, но сите ние сме добри играчи, не за џабе сме во репрезентацијата. Се надевам дека со добри резултати ќе ја израдуваме нашата држава и ќе бидеме сериозни кандидати за место на СП“, изјави Јаховиќ.
Jaховиќ не беше дел од репрезентацијата поради конфликт со претходниот селектор Игор Ангеловски, сега со Боби Милевски добива нова шанса.