Дома Останати Кошарка НБА Јанис го уништи Хјустон, Дончиќ блиску до трипл-дабл, но пораз за Далас

Јанис го уништи Хјустон, Дончиќ блиску до трипл-дабл, но пораз за Далас

Екипата на Далас го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари откако во изминатата вечер беа поразени од Индијана со 93:106.

Се играше изедначено до самиот крај кога домашниот тим направи предност. На гостите не им помогна ниту Дончиќ кој постигна 28 поени и додаде уште по девет скока и асистенции. Словенецот испрати дури 25 шута кон протовничкиот кош (10/17 за два поени, 1/8 за три поени). Покрај Дончиќ солиден настап имаше и Порзингис со 22 поени, Хардвеј постигна 15. Во редовите на Индијаната Лаверт постигна 26 поени, Сабонис 24 и додаде 10 скока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Предводени од одличниот Јанис Антетокумпо Миловки стави крај на серијата на Хјустон од седум победи (123:114).

Грчкиот кошаркар одигра одличен натпревар со што влезе и во историјата НБА. Натпреварот Антетокумпо го заврши со 41 поен, 17 скока и пет асистенции. Треба да се спомене дека ова е само петти пат во последните 40 години еден кошаркар на Милвоки да има остварување од најмалку 40/15/5. Јанис додаде и две блокади со што стана најдобриот блокер во клупската историја со 805.

Лејкерси рутински дојдоа до победа против Оклахома. Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 33 поени, шест асистенции и пет скока, Бредли дополни 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Сакраменто 124-123, Индијана – Далас 106-93, Атланта – Бруклин 105-113, Торонто – Њујорк 90-87, Хјустон – Милвоки 114-123, Минесота – Кливленд 106-123, Њу Орлеанс – Детроит 109-93, Оклахома Сити – ЛА Лејкерс 95-116, Феникс – Бостон 111-90.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…