Дома Останати Јаник Синер се повлече од Олимписките игри

Јаник Синер се повлече од Олимписките игри

Јаник Синер попладнево ги шокираше своите фанови и италијанската спортска јавност, откако го откажа настапот на Олимписките игри во Париз.

Синер има воспалување на крајниците и поради тоа не отпатува со останатите спортисти во Париз, но не се очекуваше да го откаже настапот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Со жалење ве информирам дека за жал нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По добрата недела тренинзи на земјена подлога, почнав да се чувствувам лошо. Едвај чекав да ја имам честа да ја претставувам мојата земја на овој многу важен настан. Среќно на сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома. Напред Италија“, напиша Синер на социјалните мрежи.

Тоа значи дека нов прв носител на Олимписките игри кои се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

На Синер вакво нешто не му се случило речиси две години!

Јаник Синер, кој се врати на терените по суспензијата, не успеа да го круниса евоето враќа…