Дома Топ вести Јамал сака да го искористи одличното ЕП, има барање до Барселона

Јамал сака да го искористи одличното ЕП, има барање до Барселона

Ламин Јамал по одличните настапи на Европското првенство ќе се обиде да преговара со Барселона за поголема плата, пренесуваат шпанските медиуми.

Јамал неодамна го прослави својот 17-тиот роденден, а на Европското првенство беше еден од најдобрите фудбалери на Шпанија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека неговиот агент Жорж Мендеш побарал од Барселона да се разговара за корекции во договорот поради зголемената репутација на Јамал во фудбалскиот свет.

Првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта одговорил дека ја разбрал ситуацијата и вети дека ќе преземе чекори кои ќе ги задоволат сите страни. Договорот кој го има во овој момент Јамал истекува во 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Чеферин зборуваше за новиот систем во европските натпревари – се огласи и за Суперлигата!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Александер Чеферин изјави денес дека пр…