
Новата сезона на Формула 1 ќе започне со Големата награда на Австралија на 16 март, а пред неа атмосферата веќе се загреа со вербалната препирка помеѓу двете ѕвезди. Станува збор за конфликт меѓу британскиот надежник на Мерцедес Џорџ Расел и четирикратниот шампион во редовите на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен.
Тие двајца се судрија крајот на минатата сезона на Големата награда на Катар, откако Верстапен беше казнет за попречување на Расел, по што Верстапен рече дека “ја изгубил секоја почит” кон Британецот. Верстапен беше обвинет дека со намерно бавно возење го попречил Расел, што го чинеше неколку позиции во квалификациите.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Пред новата сезона, Расел изјави за Верстапен: “Немам никаква намера да разговарам со него, да бидам искрен. Не ме интересира, сакам да се фокусирам на себе. Работите излегоа од контрола минатата година. Тоа беше тогаш. Не ќе бидеме најдобри пријатели, тоа е сигурно.”
Верстапен возврати: “Немам намера да продолжам со каков било конфликт. Немам што да кажам на таа тема. Нема загриженост околу него или неговото возење. Нема да го сменам мојот пристап во борбата со него или со други возачи.”