Дома Фудбал Ѕвездата од Премиер лигата на својот брат за роденден му подарил – жолт картон!

Ѕвездата од Премиер лигата на својот брат за роденден му подарил – жолт картон!

Бразилскиот фудбалер Лукас Пакета, кој игра за Вест Хем, сè уште е под истрага на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) поради наводно намерно добивање жолти картони за одредени обложувачи.

Како што изјавија истражителите, играчот од средниот ред добил четири сомнителни жолти картони во периодот меѓу 2022 и 2023 година, кои наводно биле искористени за профитирање на десетици луѓе во Бразил.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


ФА објави дека Пакета “директно се обидел да влијае на натпреварите така што намерно побарал да добие картон од судијата во несоодветна цел за влијание на пазарот на обложување за да имаат корист еден или повеќе лица.”

Неколку месеци подоцна, истрагата што ја спроведе бразилската влада донесе нови информации во случајот кои ги инкриминираат, меѓу другите, и чичкото на Пакета, Бруно Толентино.

Според доказите од истрагата, “Пакета најавил (на посредникот по име Марлон Бруно Насименто Силва) дека ќе му даде на неговиот брат Матеус Пакета ‘роденденски подарок’, а тоа е жолт картон на натпреварот на 12 март”.

Жолт картон добил затоа што играчот од средниот ред на Вест Хем бил предупреден на натпреварот против Астон Вила, кој се одиграл тој ден, на роденденот на брат му.

Истражувањето открива дека посредникот Марлон бил тој кој регрутирал играчи за местење натпревари, а Толентино, чичко на Паќета, бил тој кој плаќал.

Толентино се соочува со казна до шест години затвор. Бразилецот, пак, ризикува казна до десет години забрана за играње, што би значело и крај на неговата спортска кариера.

Од почетокот на истрагата, играчот изјави дека не е виновен. “Процедурата на ФА наводно е доверлива и е исклучително сериозна за мене и моето семејство. Продолжувањето на истекувањето и објавувањето на лажни информации го доведува моето чесно играње во опасност… Ќе продолжам да ги негирам обвинувањата и очекувам да ја докажам мојата невиност”, изјави фудбалерот во изјава кратко по избувнувањето на случајот.

Околу 60 уплати биле на жолти картони на натпревари во кои играл Паќета и кои се сметаат за сомнителни, а се движеа од 7 фунти, па сè до 400 фунти, додека вкупните добивки изнесуваа околу 100 илјади фунти по „тикет“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кимих ја објасни ситуацијата со неговиот договор

Фудбалерот на Баерн Минхен, Јошуа Кимих, ја објасни ситуацијата со договорот со Баварците,…