
Иако на почетокот од овој месец Пеп Гвардиола најавуваше негов нов договор, тоа сѐ уште не се случи, а неговиот актуелен договор истекува ова лето.
Галатасарај повторно почна голема потера по голема европска ѕвезда. Овој пат станува збор за фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Турскиот гигант му пристапи на Гундоган уште минатото лето кога тој од Барселона реши да се врати на Етихад.
Сега изгледа дека тоа беше погрешен потег, и дека Илкај веќе почнал да гледа кон нови опции надвор од Манчестер, а изгледа и од Островот.
Гундоган е голема желба на Галатасарај, а според пишувањето на медиумите, ни германскиот играч за врска нема ништо против заминување во земјата од каде потекнува.
Сепак, освен Галатасарај, Гундоган е и желба на италијански Интер кој би сакал да ја освежи средната линија со едно искусно име.
Овој 34-годишник се наметнува како одлична опција, а дополнително е добро што тој е веќе во репрезентативна пауза, па клубовите не мораат да се грижат кога ќе оди на собир.