Дома Фудбал Ѕвездата на Леверкузен пред изненадувачки трансфер од 50 милиони евра?

Ѕвездата на Леверкузен пред изненадувачки трансфер од 50 милиони евра?

Виктор Бонифејс е во завршни преговори со – Ал Наср!

Од Германија пристигна вест која го изненади фудбалскиот свет – Бонифејс го пропуштил денешниот тренинг, бидејќи челниците на Ал Наср допатувале во Леверкузен на преговори со понуда која не се одбива.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Наводно, клубот од Саудиската Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис, а Бонифејс е поотворен за одење во Ал Наср отколку Душан Влаховиќ и Џон Дуран кои исто така беа спомнати овие денови.

Флоријан Плетенберг исто така додаде дека заминувањето на Бонифејс е повеќе од очекувано до крајот на зимскиот трансфер период.

Ова е секако голем удар за Чаби Алонсо, бидејќи станува збор за најдобриот стрелец на екипата, кој од пристигнувањето во Леверкузен постигна 29 голови и запиша 11 асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања. Исто така, тој е најзаслужен за минатогодишната двојна круна, бидејќи постигна 14 голови на 23 натпревари во походот кон титулата, а вкупно постигна 21 пат во сезоната 2023/24.

Она што е сепак неочекувано е тоа што во својата 24. година е блиску до заминување од најголемата сцена.

Јасно е дека се работи за пари, бидејќи е познато дека арапските клубови преплаќаат играчи од Европа и оваа тенденција продолжува и во 2025 година.

Бонифејс би играл во тимот со Кристијано Роналдо, Садио Мане, и ќе се обиде да ја нападне титулата, иако Ал Наср се наоѓа на четврта позиција со осум поени помалку од Ал Хилал и Ал Итихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го најде виновникот за лошото деби со Бразил

Карло Анчелоти направи кикс на новиот почеток на 66 години. Во првиот натпревар како селек…