Дома Фудбал Ѕвезда од Серија А се појави со голем белег на вратот – познато што се случило!

Ѕвезда од Серија А се појави со голем белег на вратот – познато што се случило!

Јенс Одгард, кој игра за Болоња и еден од најзаслужните што овој клуб и оваа сезона се движи кон Лигата на шампионите. Данецот во 25 првенствени натпревари постигнал шест голови и асистирал за два. Болоња победи кај Венеција со 1:0, што е нејзината петта последователна победа во Серија А, а Одгард ја одигра целата средба. Најголемото внимание таму го привлече големиот и грд белег на вратот, кој беше во форма на круг.

„Што е тоа!? Дали го касна зомби? Дали е тоа тетоважа или белег на ајкула?” беа некои од коментарите откако снимките од вратот на Одгард станаа вирални. Затоа тој преку социјалните мрежи објасни: „Тоа е само последица од третман на вратот. И не, зомби не ме каснало“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одгард е еден од многуте фудбалери кои се подложени на терапија. Со неа, со помош на посебни „чаши“ и рачна пумпа, од кожата се вади воздух и се создава вакуум. Тоа предизвикува повлекување на меките ткива, со што се помага елиминација на токсичните и воспалителни состојби и се поттикнува циркулацијата со кислород, протеини и други хранливи материи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…