Бившата фудбалска ѕвезда на Ливерпул, Џермејн Пенант (35), со неговата сопруга Алис Гудвин (32), некогаш позната како глам модел и „најдобрите гради во Британија“, учествуваа во „webcam“ секс шоу, со што ги разбрануваа страстите во британската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На видеото на кое тој има секс со неговата сопруга Алис, Пенант го препознале по тетоважите. За гледање на секс снимката парот наплаќа 6 фунти за минута. Како што пишува The Sun, Пенант упорно се труди да го сокрие лицето, но не може да ги скрие тетоважите.
„Шокантно е да се види колку ниско паднал“, „знаев за жената, но не очекував дека и тој ќе се вплетка“, „тип кој играл во Премиер лигата и во финале од Лигата на шампионите не е некој кој очекувате да се појави во секс шоу на интернет за кое наплаќа по минута“ беа само дел од бројните коментари.
Пенант во 2014 година се ожени со Гудвин, откако ја откачи вереницата Лара Марфи, мајка на неговиот син, токму поради британскиот глам модел.
Денес тој игра во полупрофесионалниот клуб Билерикај Таун, кој неодамна ги полнеше страниците на весниците бидејќи навивачките добиле отказ оти биле премногу секси. После веста дека се појавил во секс шоу, Пенант изјави дека „не е порно ѕвезда“.