Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Јунајтед го моли Мурињо: Пушти ме во Јувентус!

Ѕвездата на Јунајтед го моли Мурињо: Пушти ме во Јувентус!

Жозе Мурињо ќе има драматично трансфер лето во Манчестер Јунајтед со оглед на фактот дека доби барање од еден свој фудбалер да му дозволи да замине од „Олд Трафорд“.

Како што пренесуваат англиските медиуми Матео Дармијан не е задоволен од минутажата и статусот кој го има на „Олд Трафорд“, па сака да се врати во Италија каде за неговите услуги силно се интересира шампионот Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јувентус му нуди стандардно место во тимот со оглед на фактот дека заминува Дани Алвеш, па не сака да ја испушти шансата да го облече дресот на италијанскиот шампион.

Јувентус наводно веќе испратил понуда од 20 милиони евра, па сега се чека одговор од „црвените ѓаволи“, а Мурињо како негова замена веќе го идентификувал Фабињо од Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…