Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо како главна трансфер цел во летниот преоден рок го означи левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро.
Мурињо сака да донесе врвен играч на таа позиција, особено поради фактот што на лето ќе им ја отвори излезната врата на Матео Дармијан и Лук Шо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Алекс Сандро минатото лето остана во Јувентус, но не доби зголемување на платата, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат ова лето доколку пристигне понуда од 60 милини евра.
Еве зошто обложувачите во Македонија ја обожаваат Coinbet24! https://t.co/YKKMqmjXow
— Sportski.mk (@Sportski_mk) April 29, 2018
„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат таа сума па наскоро ќе почнат преговори со „старата дама“, која пак е заинтересирана за Матео Дармијан.
Поради тоа може да дојде до размена на двата клуба, па Јунајтед во Торино да го испрати Дармијан и 40 милиони евра за потписот на Алекс Сандро.