Каи Хаверц е една од најголемите ѕвезди на Челзи, а сега откри дека се обидел да се храни здраво, но не успеал да се придружва до таквата исхрана.
Во Лондон Хаверц дојде во 2020 година од Баер Леверкузен за сума од 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На почетокот имавме готвач во Лондон кој ни готвеше секој ден. Искрено не се чувствував добро. Јас сум некој на кој му се потребни шеќери и вчера пиев Кока Кола по натпреварот. Потребни ми се и слатки, затоа што тие ми даваат сила и енергија. Готвачот ми зборуваше да престанам, тоа и го направив, но моето тело не реагираше добро“.
Германецот оваа сезона одигра 37 натпревари во дресот на Челзи и постигна девет голови, додаде и една асистенција. За селекцијата на Германија собра 34 натпревари и постигна 12 голови.
„Од друга страна имавме нутриционист во Челзи кој ми го кажа спротивното. Ми кажа дека потребна ми е Фанта или Кока Кола секој ден. На полувремето јадам гумени бомбони или нешто слично. Откако почнав да јадам слетки повторно имам многу енергија“, додаде Хаверц.