Бразилскиот напаѓач, Жуан Жесус не го крие разочарувањето од својот статус во Манчестер Сити.
22 годишниот бразилски напаѓач на „Итихад“ пристигна во јануари 2017 година, па иако имаше блескави моменти, сепак не може да се избори за првотимски статус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона главно натпреварите ги почнува од клупата, па сега реши јавно да го искаже своето незадоволство.
„Треба да ја чекам својата шанса, тука сум речиси три години, ова е моја четврта сезона и нормално е да сакам да играм повеќе“, истакна Жесус.
„Посебно ми падна тешко кога бевме елиминирани од Тотенхем и отпаднавме од Лигата на Шампионите, а јас немав прилика да играм на тие големи натпревари. Ме боли кога нема да добијам прилика и мислам дека тоа е нормално ако си професионален фудбалер и ако сакаш да играш. Бев многу вознемирен, но ја разбирам одлуката на тренерот“.
„Многу е тешко да се бориш со Агуеро за место во првиот тим, но тоа е добро за сите нас. Кога тој игра добро, Сити игра добро. Разликата е кога седиш на клупата бидејќи не играш добро и кога седиш на клупата бидејќи некој игра подобро од тебе. Агуеро е фантастичен и поради тоа ја разбирам целата ситуација. Но, секако дека посакувам повеќе да играм“, порача Бразилецот.