Дома Трансфер зона Ѕвездата на ПСЖ со порака за Клоп: Јас сум фан на Ливерпул!

Ѕвездата на ПСЖ со порака за Клоп: Јас сум фан на Ливерпул!

Играчот за врска на ПСЖ и француски репрезентативец, Адриен Рабио изјави дека со задоволство би играл во Премиер лигата и призна дека е фан на Ливерпул.

Рабио беше стартер на сите натпревари на ПСЖ од почетокот на сезоната, а неговиот договор со францускиот клуб истекува на крајот на следната сезона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Французинот во последните години прерасна во еден од најперспективните играчи за врска во Европа, па многу клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за него.

„Во моментов сум среќен во ПСЖ, но би било одлично да пробам искуство во некоја друга лига. Со задоволство би играл во Англија, иако немам во предвид некој конкретен клуб, јас морам да признаам дека израснав како фан на Ливерпул“, изјави Рабио.

Најсилен интерес за Рабио во моментов покажуваат Арсенал и Тотенхем, но оваа изјава сигурно ќе ги натера луѓето од „Енфилд“ на размислување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мудрик во јануари го напушта Челзи

Украинецот Михајло Мудрик во редовите на Челзи пристигна во 2023 година и од него очекувањ…