Шпанска „Марка“ пренесува дека Лаутаро Мартинез донел одлука да го напушти Интер на крајот на сезоната.
За таа цел Лаутаро го ангажирал супер-агентот Жорге Мендеш, кој треба да ги забврза преговорите за негов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот беше на мета на неколку клубови ова лето, но остана во Интер и започна преговори за нов договор. Напаѓачот не е задоволен од понудата на „нероаѕурите“ и сака да ја промени средината.
За неговите услоги најсилен интерес покажуваа Барселона и Манчестер Сити, а Интер бара да биде платена откупната клаузула од 111 милиони евра.
Токму поради тоа Лаутаро го ангажирал Жорге Мендеш за да ги забрза преговорите за трансфер.