Се чека само да се официјализира, но повеќе нема дилеми, Роналд Куман ќе го наследи Кике Сетиен на клупата на Барселона.
Холандскиот стратег се очекува да направи голема реконструкција на тимот, а медиумите веќе шпекулираат со новите засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека првото засилување ќе биде сонародникот на Куман, Дони ван дер Бек. Играчот на Ајакс беше мета на Реал и Јунајтед, но се чини дека тој ќе заврши во Барселона за сума од околу 50 милиони евра.
Куман веќе го убедил својот сонародник да се пресели на „Камп Ноу“ и заедно со Де Јонг и Пјаниќ да го формираат новиот среден ред на Барселона.
Ова значи дека, освен Ракитиќ, нема место за Видал, но и за Бускетс, кој најверојатно ќе се пресели на клупата за резерви.
Куман игра со формација 4-3-3, па прва трансфер цел во нападот ќе му биде Нејмар, а за таа цел Барса е спремна да го „жртвува“ Гризман.