Дома Трансфер зона Ѕвездата на Арсенал објасни зошто го одбил ПСЖ

Ѕвездата на Арсенал објасни зошто го одбил ПСЖ

lakazet

Францускиот напаѓач Александре Лаказет ова лето имаше неколку сериозни понуди, но тој се одлучи кариерата да ја продолжи во Арсенал.

ПСЖ испрати финансиски најдобра понуда до Французинот, но Лаказет сепак се одлучи да се пресели во Арсенал, а сега објасни зошто ги одбил „светците“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Точно е дека преговарав со ПСЖ, но од самиот старт знаев дека нема да одам таму. Во Франција постои само еден клуб за кој би играл, а тоа е Лион. Знам дека во ПСЖ би имал можност да напредувам, но едноставно сакав да одам во некоја друга лига“, објаснува Лаказет.

„За сега сум задоволен од развојот на ситацијата во Арсенал, но мора да биде уште подобро. Англискиот фудбал е поинаков и потребно ми е уште малку време за да се адаптирам целосно“, заклучи Французинот.

Лаказет оваа сезона во Премиер лигата одигра седум натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…