Дома Останати Тенис Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Ѓоковиќ утре го игра својот прв меч во Монте Карло: Еве и во кој термин – ќе се соочи со тенисер со кого играл еднаш и изгубил

Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра првиот меч на Мастерсот во Монте Карло, а противник ќе му биде Алехандро Табило.

Програмата на Централниот терен започнува од 11 часот кога ќе се сретнат Даниел Алтмајер и Ришар Гаске, а по нив на ред доаѓаат Карлос Алкараз и Франциско Серундоло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ и Табило се трети на ред на Централниот терен, што значи дека нивниот меч нема да започне пред 14.30, а можно е да започне и дури околу 16 часот, ако претходните мечеви се продолжат.

Новак и Алехандро досега имаат играно само еднаш и тоа во Рим минатата година и интересно е дека убедливо славеше Табило во два сета.

Последниот меч од денот на Централниот терен се очекува да го играат Данил Медведев и Александре Милер.

Фото: ATP Tour
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Новак Ѓоковиќ оваа година може да освои три гренслема“

Со победата против Педро Мартинез, Новак Ѓоковиќ го започна учеството на првиот Грен слем …